| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Мој приоритет е приближување на западниот Балкан кон ЕУ

Приближувањето на земјите од западен Балкан кон Европската Унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата. изјави синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Во обраќање на годишната конференција на Институтот за безбедносни прашања на ЕУ во Брисел, Могерини нагласи дека приближувањето на западниот Балкан е „неповратен процес“ и прашање од стартешки интерес за Унијата, со што воедно ќе се реализира идејата за обединување на европскиот континент.

– Тоа не го велам затоа што на Балканот гледам како на проблематичен регион, туку затоа што сметам дека тоа е подрачје со најголем потенцијал- нагласува Могерини.

Според неа, во земјите од западен Балкан постои „многу импресивно ниво“ на посветеност кон ЕУ бидејќи во нив довербата во Унијата е поголема отколку во некои членки на блокот.

– Имаме огромно влијание во регионот, кое недоволно го користиме. Во просек таму имаме посветени раководства, кои се подготвени да се ангажираат, но и не прашуваат дали сме ние посветни и конзистентни – нагласува Могерини, додавајќи дека доколку ЕУ не се ангажира на Балканот, тоа „ќе го направи некој друг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top