| четврток, 6 декември 2018 |

Журнал: Колкава е цената која македонскиот народ ќе мора да ја плати поради парите кои Заев ги добил од Бугарија?

Зоран Заев удри директно по македонската историја со тоа што го покани премиерот на Бугарија, Бојко Борисов заедно да го прослават Илинден во Македонија. Ова своевидно предавство на Македонија, сепак било скапо платено, а поклонувањето на нашата историја на Бугарија, не е единствено што Заев мора да испорача за добиените средства.

Цената која што Заев ќе треба да ја плати за средставата кои што ги добил во кампањата, не е нималку мала. Според одредени информации покрај историското предавство кое Заев го прави во моментов, наредно треба да биде влегување на бугарската нација во Преамбулата од Уставот и давање тендери за бугарски компании во Македонија.

Зоран Заев како што гласно говорат и бугарските европратеници, на Бугарите им дал ЦД со разговори на македонскиот државен врв, во кои се откриваат информации за политиката на Македонија кон Бугарија и договорот за соработка со Бугарија.

Она што Заев го должи на Бугарија, ќе го плаќа сега целиот македонски народ. Историчарите кои цело време велат дека македонската историја е бугарска, она што Заев го исполнува, сосем се согласува со нивните ставови.

Според бугарските историчари востанието, за чија прослава, новиот премиер на Македонија, го покани Борисов заедно да го прослават, било важна етапа од борбите за национално ослободување и обединување на Бугарија. Според нив тоа е најмасовното востание кое ги исполнило стратешките цели и било морална подготовка за големите бугарски победи во Балканската војна во 1912-1913 година.

-Ова е најголемото бугарско востание во долгото петвековно турско ропство. Најдолгото и најдобро организирано, беше оцената на Красимир Каракачанов за востанието, еден од најгласните бугарски политичари за тезата за непостоење на македонскиот народ.

Чекор понатака отиде директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, историчар и политичар познат по своите антимакедонски ставови,  кој изјави дека Илинденското – преображенско востани од историски аспект е несомнено бугарско и одговара на тешкото прашање: „Каков народ живее во Македонија“.

-Повеќе од јасно е оти предците на сите овие јунаци, кои сега управуваат со Скопје и изјавуваат дека немаат ништо заедничко со бугарскиот народ, јасно е дека дедовците им биле Бугари. Во бројните документи кои ги оставиле, тоа е едно бугарско востание, кое секогаш ќе остане како аргумент за нашите права не само врз востанието, туку и врз цела Македонија, рече Димитров минатата година во интервју за агенцијата „Фокус посветено на Илинденското востание.

Граѓаните на Македонија се разочарани и гневни од однесувањето на премиерот Заев, кој вчера насмеан се сликаше покрај споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил, за кого од неговата партија најавуваа дека ќе биде срушен во Скопје.

Заев кој и претходно најавуваше дека Македонија треба да ја свитка кичмата за меѓунардните прашања ова не му е прв пат вака да се однесува кон македонската историја, кога е во прашање Бугарија, тој и претходно кажа дека сме еден народ со нив.

-Сакам да испратам порака до сите граѓани на Бугарија, ние сме братски ХОРА, СШТИ народ. Македонија тежнее кон нормализација, ќе биде стабилно и спокојно во Македонија. Секако јас како потенцијален мандатор за формирање на влада, сакам да испратам само пријателски пораки од соседна земја Македонија, која што има намера да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, а секако тоа е возможно меѓу другото, ако ја унапредиме соработката со Република Бугарија,в ели Зоран Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС во мај годинава.

Граѓаните и по социјалните мрежи остро реагираа на однесувањето и сквернавењето на македонската историја од страна на Зоран Заев.
zaev bugarija soc mrezi

zaev bugarija soc mrezi 2zaev bugarija soc mrezi 3zaev bugarija soc mrezi 4zaev bugarija soc mrezi 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top