Принцот Филип, 96-годишниот сопруг на кралицата Елизабета втора, е примен во болница соопшти Бакингемската палата.
Како што се наведува во соопштението, тој е примен поради инфекција.
– Инфекцијата е настаната поради претходната состојба – соопштија од палатата, а пренесе „АФП“.
Војводата од Единбург кој има намера да ги извршува јавните должности до крајот на годината, а потоа да се повлече, во болница е примен во вторник навечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.