| четврток, 6 декември 2018 |

Спречени „лажни азиланти“- се претставиле како фудбалери

Migranti 06.06.2013МВР приведе и поднесе кривични пријави против лицата Р.Д.-Б. (46) од Дизелдорф, Германија, како првообвинет, и И.О.(52) од Битола, како второобвинет, поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор“. Надлежен истражен судија им изрече притвор од 30 дена.
На 04 јуни во 11.30 часот на граничниот премин Табановце било задржано првообвинетото лице под основано сомнение дека организирано превезува лица можни баратели на азил во државите членки на ЕУ, додека второпријавеното лице организирало превоз за едно лице од Битола до Холандија во договор со првопријавениот.Дента околу 11.00 часот на излез од РМ се пријавиле 10 лица македонски државјани како пешаци, а по извршена гранична  проверка се јавило сомнение дека тие се потенцијални баратели на азил, бидејќи се претставиле како фудбалска екипа.

Во разговор со нив констатирано е дека дел од нив имале намера да заминат во Германија, а дел во Холандија за да бараат економски азил, а како организатор и превозник кој ќе ги одведе до крајната дестинација за сума од 250 евра по лице го посочиле првопријавениот.

Тој на 03 овој месец од Битола до Куманово со свое возило со германска регистрција, превезол дел од лицата и ги сместил во неговата куќа да преноќат. Следниот ден ги превезол до државната граница која требало да ја поминат пеш, а тој со автомобилот и нивниот багаж подоцна од српска страна да ги превземе од кадешто требало да го продолжат патувањето до крајната цел.

По добиените сознанија од лицата дека во куќата на првопријавениот се наоѓаат и други лица кои требало да заминат во ЕУ за да бараат азил, бил извршен претрес и биле пронајдени уште 7  лица, меѓу кои бил и второпријавениот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top