| четврток, 6 декември 2018 |

Николов: Србите се спасуваа од пораз

Бобан Николов, капитенот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година која учестува на Европското првенство (ЕП) кое во моментов се одржува во Полска жали за пропуштената победа против Србија.

Македонија за жал ремизираше (2-2) иако беше на прагот на првата, историска победа на Европските првенства.
Капитенот Николов уште еднаш го потенција потценувачкиот приод на Србија кон Македонија и фактот што тие се радуваа кога во ждрепката ја добија нашата селекција во групата.
– Србите велеа дека ќе не победата, а на крајот спасуваа бод. Одигравме добро второ полувреме, но потфрливме во првото. Сепак оваа генерација покажа дека е иднината на македонскиот фудбал – вели Николов.
Последниот предизвик на Македонија на Европското првенство е Португалија, меч кој се игра во петок со почеток од 20:45.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top