| четврток, 6 декември 2018 |

Љубиша Георгиевски: Што не ме фатија мене или Црвенковски за уво да се поклониме пред споменикот во Софија?!

Поранешниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма телевизија зборува за причините за не потпишувањето на договорот за добрососедски односи со Бугарија, односно дека токму најспорниот детал во тој документ е проблемот кој Бугарија го има со македонскиот јазик.

Според Георгиевски за време на неговиот четири годишен амбасадорски мандат се смениле четири различни министри од исто толку политички провиненции и сите без исклучок биле за почнување на преговори и за договор со Бугарија за добрососедски односи.

Тој изјави дека во дипломатските кругови е добро познато дека секоја ново настаната држава треба да потпише мировен договор со своите соседи. Токму ваков драфт документ е направен уште во времето кога господинот Георгиевски е амбасадор во Софија и тој лично има работено на овој драфт документ.

Ист драфт документ е документот кој е ставен на маса и денес, заедно со спорната точка, како што рече Заев „една мала ситница“ , а тоа е јазикот. Ова релативизирање на проблемот со јазикот, вели Георгиевски се должи на дипломатските непознавањата на новиот премиер.

Тој иронично го обвини својот соговорник за бугарски пропагандист од редовите на СДСМ. Според него смешна е оваа пропаганда која доаѓа од СДСМ.

-Вие незнаете со кого има работа. Од каде сега ние сме виновни за бугарската политика кон Македонија. Тоа е салто мортале. Ама повеќе мортале него салто. Верувајте дека тоа ќе се покаже многу скоро. Мене ми е многу жал што тој договор повторно нема да се реализира бидејќи ги читам овие знаци. Да ве фатат за уво за да се поклоните пред споменикот на Цар Самоил. Што не го фатија Бранко Црвенковски така за уво. Јас лично ја организирав неговата посета. Не се фаќа секој за уво. Што не ме фатија мене?’, вели Георгиевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top