| четврток, 6 декември 2018 |

Каков накит треба да носите за да привлечете пари и љубов?

Сигурно знаете дека секој човек има заштитен камен или парче од накит и дека тоа може да послужи како талисман и донесе среќа во љубовта и бизнис успех и пари.
Ако во некои од овие области нешто не е во ред, набавете парче накит кое ќе ви донесе среќа и ситуацијата ќе се подобри!

Овен
Овенот по сите зодијачки правила го штитат: циркон, дијаманти, злато и рубин. Во моментот кога одите на бизнис средба вашите шанси за успех и среќа може да ги зголеми и тиркизот, оникс, аквамарин и топаз. За романтични средби само изберете бисери или сребрен накит. Треба да се носат главно нараквици од сребро.

Бик
Ви се допаѓа накит, иако биковите делуваат “богато” и без него. Смарагд и жад најмногу ви одговара. Другите може да ги уверите во она што го сакате ако носите темни тонови на црвен накит, а и розевиот кварц може да го одигра своето. Секогаш е време за масивни обетки и големи шноли во косата со многу сјај.

Близнаци
Вашата младешка природа сака нежни тонови на накит. Топаз сосема ви одговара, но може да ја користите и  магичната моќ на зеленкастиот тиркиз за тајни љубовни состаноци и оној со тонови на сино за бизнис состаноци. Ќе бидете поубедливи во наплата на долг или заведување со ѓердан од коралите.

Рак
Ви одговара сребрен накит и накит во сини тонови. Сепак, ако одите на деловен состанок, златна нараквица ќе донесе повеќе успех, особено во комбинација со слонова коска, или комбинација од бело и жолто злато. Ако имате намера да заведете некој што има врска со странство, ставете накит од малахит.

Лав
Златен накит, дијаманти, рубини, тоа е ваш избор! Но планетите во одредени периоди ви одредуваат да ја  зголемите интуицијата со накит од бакар, сребро или платина. Детали од зелен турмалин и тиркизен ѓердан или прстен со син сафир, може да направи чуда, особено во тајна љубов, а особено ако сте (несоодветно за вашиот знак) во врска со рак или бик.

Девица
Малахит и топаз се сосема соодветни за вас. Меѓутоа, кога е Сатурн во вашиот знак, прстен со камен од црн оникс ќе привлече погледи на спротивниот пол. Жолт сафир или смарагден прстен може да ја привлече личноста која ви се допаѓа, а која често патува, особено на југ или југоисток од местото во кое живеете.

Вага

Розов турмалин и алексадрит ви даваат енергија и шарм, ве полнат со енергија. Во тековниот период, секој накит со зелени и розови тонови ја подобрува вашата харизма. Ако одите на деловен состанок слободно ставете прстен од црвен спинал или бакарна нараквица, а за вечерни излегувања привезок со тиркиз или жад. Може и нивна имитација.

Шкорпија
Црниот бисер, дури и со црн чипкан фустан, одлично ви одговара. Делува неодоливо со накит изработен од платина, хематит или прстен од рубини. Во моментов планетите ви навестуваат дека треба да се биде малку помек во изборот на накит, па добро би дошол ѓердан од сребро и аквамарин прстен. Мажите повеќе би се осмелиле да ви пријдат.

Стрелец
Смарагд и сафир – вашите омилени скапоцени камења, овој период може слободно да ги замените со накит од слонова коска. Совршено би одговарала и имитација на овој накит, како и прстен од цитрин, особено за бизнис разговори, а ќе ви донесе и среќа со парите. За љубовен состанок не заборавајте да понесете прстен со брилијанти.

Јарец
Сакате тиркиз, оникс, но за заведување користете малахит или жад, било кој детал или имитација на камења, но во секој случај, во зелена боја. Тоа ви помага и во контактот со странци. За романтични средби користете црвен турмалин или вештачки бисер со кои ќе делувате попитомо. За долги бизнис средба користете парчиња со било каков вид на полускапоцени камења со виолетова боја.

Водолија
Вашиот омилен накит се масивни нараквици од алпак или тигрово око, полускапоцени камења и избирате  обично тиркиз. Слободно носете го, дури и имитација, во форма на големи приврзоци. Ориентални ланчиња во форма на сребрени приврзоци ќе го подигнат вашиот морал и добро ќе ве расположат. Во вечерните часови, слободно бирајте корали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top