| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: СДСМ пред изборите – ќе го продолжиме породилното, денес се против!

СДСМ пред изборите: ќе го продолжиме породилното, денес: Министерката Мила Царовска е против продолжување на породилното отсуство за мајките!

Ова денеска на социјалната мрежа „фејсбук“ го пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Тој објави извадок од нацрт записникот од владината седница на кој пишува дека министерката за труд и социјална политика Царовска информира дека треба да се заземе негативен став по барањето за продолжување на породилното отсуство, поради како што пишува, сериозните финансиски импликации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top