Минатата година, во пресрет на одбележувањето на 113 години од Илинденското востание, најголемиот национален празник на Македонија, бугарските историчари и националисти тргнаа во офанзива на присвојување на Илинденското востание како важна етапа од бугарската национална борба за ослободување и обединување.
Тогаш медиумите во Бугарија објавуваа интервјуа со историчари и академици кои го објаснуваат историското значење, за како што тие го нарекуваат Илинденското – преображенско востание за Бугарија. Според бугарските историчари востанието било важна етапа од борбите за национално ослободување и обединување на Бугарија. Според нив тоа е најмасовното востание кое ги исполнило стратешките цели и било морална подготовка за големите бугарски победи во Балканската војна во 1912-1913 година.
„Ова е најголемото бугарско востание во долгото петвековно турско ропство. Најдолгото и најдобро организирано“, беше оцената на Красимир Каракачанов за востанието, еден од најгласните бугарски политичари за тезата за непостоење на македонскиот народ.
Чекор понатака отиде директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, историчар и политичар познат по своите антимакедонски ставови, кој изјави дека Илинденското – преображенско востани од историски аспект е несомнено бугарско и одговара на тешкото прашање: „Каков народ живее во Македонија“.
„Повеќе од јасно е оти предците на сите овие јунаци, кои сега управуваат со Скопје и изјавуваат дека немаат ништо заедничко со бугарскиот народ, јасно е дека дедовците им биле Бугари. Во бројните документи кои ги оставиле, тоа е едно бугарско востание, кое секогаш ќе остане како аргумент за нашите права не само врз востанието, туку и врз цела Македонија“, рече Димитров минатата година во интервју за агенцијата „Фокус посветено на Илинденското востание.
Сега Зоран Заев го исполни сонот на Каракачанов и Димитров. Тој во Софија го предаде најголемиот македонски празник, Илинден, на Бугарите. Заев од таму посочил дека Илинден ќе го чествува заедно со Бојко Борисов. Како го пренесуваат Заев, останало уште малку до потпишување на Договорот за добрососедство и, како што рекол Заев, заедно ќе го чествуваме Илинден во Македонија на втори август.
Заев им го предаде Илинден на Бугарите: Го отстапи најголемиот македонски празник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.