Според СВР Тетово, попладнево во 16.30 на регионалниот пат Гостивар-Чегране дошло до судир на „мерцедес“ со гостиварски таблички управуван од А.И. (60) и моторцикл, што го управувал Ј.З. (22) од Чегране. Од ударот мотоциклистот се задобил со повеќе повреди. По несреќата, тој бил згрижен во гостиварската болница од каде што поради скршенци на двете нозе и повреда на главата е испратен на скопските клиники. Како можна причина, по извршениот увид се наведува неприспособена брзина на движење.
Од СВР Тетово предупредуваат на зачестените сообраќајни несреќи во кои страдаат мотоциклисти.
Од почетокот на месецот, низ Полог се регистрирани шест несреќи, а една имаше и смртен исход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


