| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделци го блокираа патот Росоман – Прилеп

Од 10:30 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Росоман ­ Прилеп кај пазарот во Росоман кој утрината беше блокиран од страна на земјоделци кои се незадоволни од откупот на праски.

Патот беше блокиран од страна на 50-тина земјоделци со 10 трактори, а сообраќајот, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се пренасочуваше по споредни патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top