Советничка за политика на косовскиот министер за внатрешни работи во заминување Скендер Хисени, Шќипе Мјекиќи, тврди дека Косово „никогаш не било во опасност од терористички напади“.
Според Мјекиќи, иако Косово „не е во опасност како другите земји“, сепак соодветните служби ги презеле сите неопходни безбедносни мерки.
– Иако сме во очекување на формирање нова влада сите обврски и задачи ние ги извршуваме нормално. Што се однесува до тероризмот и екстремизмот, ние продолжуваме со идентични мерки и ангажирање како и до сега.
Не располагаме со информации дека на територијата на Косово може да има вакви напади. Иако не сме во опасност како другите земји, ги имаме превземено сите неопходн мерки во коорднација со соодветните служби оцени Мјекиќи.
Таа нагласи дека приоритет на Министерството за внатрешни работи е да се продолжи со активностите за спречување регрутација на лица кои се испраќаат на боиштата во Сирија.
– За нас е многу позначајно да се спречи регрутирањето на лица за испраќање во Сирија. Значи, да не се најдеме во ситуација нашите млади повторно да ја напуштаат земјава за да станат борци на ИД во Сирија – додаде Мјекиќи.
Инаку, по смртта на водачот на албанските џихадисти во Сирија, Косовецот Лавдрим Мухаџери, ИД се закани дека земјите од Балканот, вклучувајќи го и Косово, се можни цели на терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст