Зоран Заев денеска се сретна со новата резидентна амбасадорка на Јапонија, Кеико Ханеда.
Амбасадорката Ханеда пренесе лични честитики од премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, до аев, за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија. Исто така, изразена е силна поддршка од Јапонија за определбата на Владата на Македонија кон демократските реформи, како и дека тоа отвора големи перспективи за државата и граѓаните.
„Владата има за цел спроведување силна реформска агенда што ќе ги забрза интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но којашто е пред се, примарен интерес на граѓаните на Македонија, за обезбедување квалитетен живот за сите во државата“, рече премиерот Заев.
Јапонската амбасадорка Ханеда соопшти дека Јапонија ја поддржува Македонија во евро-атлантските аспирации. Таа додаде дека Јапонија, како пријател на Македонија и донатор, ќе продолжи да го помага развојот на Македонија во разни области, посебно во локалните средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст