| четврток, 6 декември 2018 |

Кога најбогатата жена го жени синот: Златен под за младенците (Фото)

Фолоруншо Алакија била домаќинка на свадбата на нејзиниот син Фоларино. Гостите останале без текст.

This wedding giving me all types of life 😓🌸 #NazaAndFlo

A post shared by Temi Otedola (@jtofashion) on

Имено, нејзиниот син Фоларино се оженил за иранската убавица Назанин Јафарин. Свадбата била приредена во палатата Бленхеим во Оксфордшир, а се проценува дека на венчавката биле потрошени шест милиони долари.

За почеток, салата била украсена со милион бели ружи, раскошната торта исто така била украсена со стотици украсни бели цветови. Гостите ги забавувал пејачот Робин Тик, кој за настапот добил околу 200.000 долари.

Многу импресивен бил и подот по кој чекореле младенците, кој бил од мермер на кој со злато биле изгравирани почетните букви од имињата на младиот брачен пар.

My queen 👑 such a beautiful day celebrating the love of these two 💗 #floandnaza #weddingday

A post shared by B e c k a 🌵 (@becka_indigo) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top