| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: ВМРО-ДПМНЕ се чекор пред СДСМ и секогаш ќе бидат чекор понапред

Во денешното гостување на телевизија Алфа, Никола Србов истакна дека Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски како човек кој дојде во 2003 година на чело на партијата, не само што наследи заринкан брод, туку веднаш потоа се случи поделба на самата ВМРО-ДПМНЕ. Истиот тој човек со таа политика за воведување на нови кадри успеа за две ипол, три години да ја донесе ВМРО-ДПМНЕ на власт.

-Сега повторно гледаме дека е еден чекор пред СДСМ, бидејќи кај СДСМ сега ги гледаме истите оние стари кадри кои се влечат веќе 15 години во таа политичка партија. И повторно ќе бидат чекор пред социјалдемократите, претпоставувам ќе внесат нови кадри во раководството на партијата и во сите структури кои се вертикално поставени во ВМРО-ДПМНЕ и ќе започнат една нова политика која го вклучува и меѓународниот фактор за кој повторно станува збор за перцепција. Таму се создава перцепција дека доколку член на ВМРО-ДПМНЕ каже дека не сака да се промени уставното име на РМ, на тој едноставно му се кажуваше дека е анти-НАТО или анти-ЕУ расположен човек, што е смешно, потенцираше тој.

Според Србов, СДСМ пак се оние кои што сега започнуваат некаква политика и кренаа еуфорија дека ќе ја внесат Македонија во НАТО под привремената референца ФИРОМ, а притоа забораваат дека ВМРО-ДПМНЕ 10 години се обидува да ја внесе Македонија во НАТО преку одредбите од привремената спогодба со Грција, што всушност го претставува тоа, да влезе Република Македонија под референцата ФИРОМ.

Сликата која секогаш ја прикажуваат СДСМ кога ќе дојдат на власт е тоа што се однесуваат како се да почнува од нив, како пред нив ништо да не постоело.

-Сега гледаме дека повторно се однесуваат како што се однесуваа во 2002. година кога дојдоа на власт. Ништо не преземаат за државата, се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ. Гледаат како да го растурат ВМРО-ДПМНЕ, истото што го правеа и во 2002 година, истакна Србов.

Тој смета дека нив не ги интересира правда, ги интересира медиумска приказна. Целата политика им се сведува на тоа, потенцира Србов.

Истакна дека сето тоа што било ветено во програмата пред изборите ќе биде исполнето кога ќе заврши мандатот, или кога ќе си заминат од власта.

Тој потенцира и дека ветувањата како на пример, плата од 30.000 денари излезе дека нема да биде исполнета кога ќе дојдат на власт, туку кога ќе заврши мандатот, или кога ќе си заминат од власта. Според него истото се случува и со докторите и платата од 100 илјади денари, истото на крајот ќе се воспостави и со влезот на Македонија во НАТО, освен ако не преземат некои радикални чекори, бидејќи знаеме од што зависи влезот на Македонија во НАТО, посочи политичкиот аналитичар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top