| четврток, 6 декември 2018 |

Масовно труење, хоспитализирани се 731 војник

Поради труење со храна во воена база во Турција хоспитализирани се 731 војник, а 21 лице од компанијата што доставува храна во базата, се во притвор, изјави денеска обвинителот Акиф Челатин Шимшек.

Тој наведе дека е покрената истрага врз основа на примероците што се земени од заболените војници, како и од храната и водата во воената база што се наоѓа во провинцијата Маниса.

Никој од заболените не е во критична состојба.

Турскиот министер за одбрана Фикри Исик, кој отпатува за Маниса, изјави дека турското Министерство за одбрана склучило договор за соработка со компанијата што ја доставува храната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top