| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална Олимпијада Македонија ја претстави програмата „Млади атлети“

Програмата „Млади Атлети“е иновативна спортско - забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава. Оваа програма „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата

Специјална Олимпијада Македонија ја претстави програмата „Млади атлети“, на која беа презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде што оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.

– Општестовото кое не ги согледува можностите на лицата со попреченост, само ги создава пречките и ги стимулира предрасудите. Токму затоа неопходно е да се отвориме кон овие лица и да ги охрабриме да се вклучат во сите сфери на живеење, а спортот е една од можностите кои ние ги нудиме. Инклузијата почнува од најмалите години.  „Младите атлети“ се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија “ – изјави Ана Петровска Национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

Програмата „Млади Атлети“е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост  на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава. Оваа програма „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел  да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.

Програмата „Млади атлети“ е дел од  еднодневната конференција „Спортуваме заедно за среќно детство“ се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект кој е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top