Фејсбук со својата нова опција „Stories“ на корисниците им овозможи да дознаат кој го следи секој нивни чекор на оваа социјална мрежа.
Имено, опцијата „Stories“ која стигна и на Фејсбук апликациите, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнале што тие пријавиле.
Споменатата опција е преземена од „Snapchat“, а Фејсбук на почеток ја интегрира на „Instagram“, „Messenger“ и „WhatsApp“, а потоа во главната апликација.
На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки кои нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат во период од 24 часа. Исто така, во секој момент е возможно да се види бројот на пријатели кои ја погледнале вашата приказна, како и нивните имиња.
Сето тоа не би било чудно, ако Фејсбук не истакнеше дека нема да им овозможи на корисниците да дознаат кој ги погледнат нивните профили, а опцијата „Story“ сега е совршена алатка за следење на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.