На хуманитарно фризерско-шоу за Љупчо Петрушевски, поточно познатиот Бубе – ин, најавената специјална гостинка од Белград, ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, сепак нема да биде присутна. Организаторот на хуманитарната манифестација добил порака од Анастасија дека го откажува гостувањето со објаснување дека Српските безбедносни служби процениле дека не е безбедно сега во Македонија и да не патува за Скопје. А зошто па ќерка и на Цеца ја обезбедуваат српските тајни служби !?
На шоуто најдобри стилисти од земјава, но и Балканот ќе ги презентираат последните новитети на своите брендови. Влезот ќе чини 500 денари, средства кои ќе бидат донирани за фризерот, а билетите можете да ги набавите пред почетокот на шоуто, во Музејот на современа уметност на скопското Кале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.