| четврток, 6 декември 2018 |

Романија и Бугарија имаат најмногу жени во ИТ секторот

Романија и Бугарија сeриозно напредуваат во секторот на информатичката технологија и се рекордери кога станува збор за уделот на вработени жени во оваа индустрија.

Конкретно, Бугарија има 27,7% жени од вкупно вработените во оваа гранка, а Романија 27,2%. Просекот во Европската унија изнедува 16,1% што јасно покажува дека Бугарија и Романија се доста над тоа.

Можеби некому овие податоци ќе му се чинат како безначајни што би и требало да биде реалноста во идеален свет каде кога се зборува за резултатите на некој работник, не се земаат во предвид полот, бојата на кожата, сексуалноста и националноста. Сепак, во пракса работите се поинакви и за голем дел од луѓето IT секторот сѐ уште се доживува како „машка“ индустрија.

 

иновативност.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top