| четврток, 6 декември 2018 |

Неповторлива атмосфера на промоција на списанието „Лице в лице“ (галерија)

Сите улички во Старата скопска чаршија вчера вечер водеа кон Безистен. Таму, во „Галерија 8“, пред повеќе од 300 присутни, кои не му се покорија на јунскиот дожд, беше промовиран петтиот број на активистичкиот магазин „Лице в лице“ и беше отворена изложбата од фотоконкурсот што го распиша „Скопје креатива“.

936768_463164827103302_1583024070_n

Беа претставени најуспешните фотографии од фотоконкурсот „Една фотографија-илјада зборови“, кој го распиша Платформата за креативни индустрии „Скопје креатива“, а беа објавени и добитниците на наградите.  Првонаградените тројца, заедно со добитникот на специјалната награда, дома си заминаа со награди од „Никон“, а за авторката на најдобрата фотографија, „Скопје креатива“ наскоро вети и организација на самостојна изложба. За наградените Елена Димитриевска, „Покана за игра“, (прва награда), Борјан Петрески, „Набљудувачи“, (втора награда), Александар Димитриев, „Not every garbage can is a recycle bin”, (трета награда) и Борче Поповски, „Прошетка низ реалноста“, (специјално признание), одлучуваше  жирито во состав Томислав Георгиев, фотограф, Вук Митевски, ликовен уметник и филмски работник и Игор Ивковиќ, театарски режисер. Младите креативци, на кои признанијата им ги додели директорката на Универзална сала, Вера Бошковска (под чија закрила функционира „Скопје креатива“) добија и акредитации за следење на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

479844_463164663769985_1828968253_n

Насмеаните лица, силната енергија, дружбата, средбите „Лице в лице“… направија неповторлива атмосфера во автентичниот чаршиски простор, кој беше место каде со промоцијата на списанието, се одбележа и Светскиот ден на животната средина, една од главните теми и во последниот број на магазинот.
Двајцата Армандовци, Јусуф, Ерџан, Марица, Ена, Весна, Горде, Саше, Анабела, чичко Драги и уште многу други продавачи од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, од Здружението за лица со посебни потреби „Солем“, од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“, бездомниците регрутирани преку Црвениот крст на град Скопје, овој пат за главна поддршка при понудата на петтиот број на граѓаните дојдени во „Галерија 8“, до себе ги имаа уметникот Игор Тошевски и радиоводителките Билјана Настеска и Ана Трпеска од Метрополис мрежата, кои им дадоа огромна поддршка.
Друштво им правеа и амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Мариет Шурман, професорката Јасна Котеска, писателот Иван Шопов, членовите на бендот „Старовски“, Дејан Спасовиќ и Верица Андреевска – Спасовиќ, поп-пејачката Кристина Арнаудова, и многу граѓани дојдени да дадат поддршка на продавачите на магазинот кој третира општествено-одговорни теми и ја подига свеста за односот кон ранливите слоеви на општеството.
Во таа насока и координаторката на платформата за активизам за Македонија, „Лице в лице“, Климентина Илијевски, се осврна на соработката на „Лице в лице“ и „Скопје креатива“, а продолжи со потенцирање на важноста на позитивните промени во општеството, но и на потребата да се менува навиката на поединецот дека како единка не може да стори ништо. Како позитивен пример ја истакна промената, која му се случи на еден од продавачите на списанието, Ерџан Садик.
– Веќе го имаме првиот вработен продавач на „Лице в лице“, кој како резултат на добрата соработка на Центарот во Шуто Оризари и на „Џонсон мети“ го доби своето прво вработување. Тое е момчето, кое минатата година доби награда – велосипед од холандската амбасада за најдобар продавач на списанието. Ерџан е момчето што успеваше да продаде околу 200 списанија месечно и кој беше еден од најредовните посетувачи на едукативната програма што ја спроведува Центарот за деловна психологија, а од неодамна покрај Марина Анчевска со продавачите работи и Дејан Спасовиќ од организацијата „Парк“ – истакна Илијевски.

383529_463164840436634_51073303_n

935653_463164267103358_1570594068_n

935701_463164870436631_1071388838_n

942430_463164833769968_2030762618_n

942937_463166420436476_1665635001_n

970306_463163317103453_182335880_n

935124_463164933769958_680681443_n

971521_463164877103297_479212359_n

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top