| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за ликвидација на досегашната министерка за култура

Не запираат повиците за линч од армијата фрустрирани самонаречени демократи, а всушност остатоци од времето на едноумието. Последен од нив е поранешниот висок функционер во времето на комунизмот и транзицијата Тито Беличанец. Разочараноста од неспособноста и немоќта на заевиот клан со аргументи да ги докажат нашироко раширените лаги, како што беше случај со работата на Министерството за култура додека со него раководеше Елизабета Канческа Милевска, кај нив предизвикува фрустрација и немоќ кој што на момент ја задоволуваат со јавно повикување на смрт.

Недолично за интелектуалец каков што се претставува Беличанец, особено што се работи за универзитетски професор, својата жед за крв ја сподели на социјалните мрежи. Во пораката која што тој ја испрати по дебатата во која Канческа Милевска во телевизија од заевиот клан аргументирано ги „спакува“ сите опоненти наоружани со паушални обвинувања, меѓу кои и водителот и нејзиниот наследник Алаѓозовски, вели „Не е хумано груевистички криминалци да викате на тв дебати. Сите ќе завршат исто!“ пропратена со колаж на кој поранешната министерка и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ е обезглавена.

Некрофилијата што Беличанец ја споделува, меѓу другото и со своите студенти, не му е непозната. Своите фрустрации и повици на линч редовно ги шири на социјалните мрежи, секако со „адекватна“ илустрација. Жртвите на неговите повици за „расцепени глави“ и убиства, биле и народот, други членови на раководството на истата партија, како и лидерот Никола Груевски.

Но, и неговите закани, како и сите до сега изречени преку социјалните мрежи од неговите истомисленици ензадоволни од ветувањето на Заев за „јадење живи луѓе“, минале без соодветна реакција, особено без јасна осуда од универзитетскиот кампус, каде се очекува интелектуалниот врв од едно општество преку личен пример до студентите да ја создава и формира иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top