| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанецот кој беше пронајден мртов, поврзан во струја, извршил самоубиство?!

Скопјанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом во скопската населба Бутел најверојатно извршил самоубиство, дознава Сител од свои извори во истрагата.

Од полицијата се уште нема официјална информација. Велат дека се уште се чека наодот од обдукцијата на телото за да може да се изврши и квалификација на делото.

38 годишниот скопјанец вчера беше пронајден мртов во својот дом од екипи на Брза Помош, околу 9 часот наутро.

Тие го затекнале облеан во крв и замотан во електрични кабли вклучени во струја. Како се случило 38 годишниот скопјанец да изврши самоубиство се уште не е познато. Доколку МВР и официјално вака го квалификува делото, според воспоставената пракса нема да бидат изнесувани информации во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top