
Раперот Џеј Зи бил фотографиран како излегува со засилена стража од семејниот имот во Беверли Хилс и како оди кон медицински центар во Лос Анџелес. Тоа ги потврдува претходно раширените гласини дека неговата сопруга Бијонсе веќе ги родила близнаците – момче и девојче, пишува „Дејли Меил”.
Според непотврдени од семејството информации пејачката се породила во раните утрински часови во вторникот.

Околу болницата во Лос Анџелес обезбедувањето исто е засилено. Внатрешен човек соопштил пред Hollywood Life дека двајца од телохранителите на Бијонсе биле видени како носат две бебешки пакети, па веројатноста пејачката ги родила близнаците станува поголема.
Сè уште нема официјална информација за тоа како се мајката и бебињата. Џеј Зи и Бијонсе веќе имаат една 5-годишна ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


