| четврток, 6 декември 2018 |

Очајно семејство нуди плата од 50.000 фунти за бебиситерка, но…

Семејство од Шкотска бара бебиситерка на која и нуди идеални услови за работа – плата од 50.000 фунти годишно, сместување и храна, меѓутоа, една работа ги одбива сите заинтересирани кандидати.

Родителите упорно бараат бебиситерка откако последните 12 месеци загубиле 5 работнички поради натприродните појави кои се случуваат во куќата, како кршење на стакла и чудни звуци.

Семејството побарало помош на социјалните мрежи во својата мисија, со надеж дека ќе најдат некој доволно храбар да го прифати предизвикот на нивната проколната куќа.

Огласот за работа се појавил минатата седмица, и во него се наведува дека е потребно лицето да биде подготвено да се грижи за две деца, на возраст од 5 и 7 години, во пространа семејна куќа која може да се пофали со спектакуларен поглед.

Но, мора да бидете подготвени на тоа дека ќе минувате подолг временски период во куќата сами, и ќе спиете таму четири ноќи во седмицата, од понеделник до петок, со децата.

Работата вклучува и подготвување на појадок, подготвување на децата за училиште, носење и враќање од училиште, помош околу домашните работи и заспивање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top