| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: Сѐ уште не е донесена одлука за итна седница во алармантна ситуација

Итна седница нема, не е ни на повидок, за жал, а состојбата гледаме секоја вечер каква е. Имаме една ситуација којашто е повеќе од апсурдна, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

– Имаме запален отпад и никој во владата нема решение. Никој во локалната самоуправа нема решение. Нема градоначалникот, немаат надлежните министри, нема премиерот Зоран Заев. Недела дена не можат да изгаснат еден обичен пожар на отпад, вели Ѓорчев.

Според него, сега имаме де факто национална катастрофа, цел регион којшто е зафатен од чадот. Покрај Струга, нагласи Ѓорчев, тука се и околните места, општина Вевчани, којашто е исто така упатена на туризмот, општина Охрид, со еден куп населени места, општина Дебарца…

– Значи имаме еден регион од околу 100.000 луѓе којшто е изложен на енормно загадување и недела дена пожар на ѓубриште коешто владата нема намера да се зафати со негово гасење, рече Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top