Третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови “Skopje Cinema City” од 15-ти до 19-ти јуни, во киносалата на Кинотека на Македонија. Фестивал чија главна тема е музиката прикажана низ филм, каде без оглед на жанрот или годината на продукција, целта е да се создаде музичко искуство и патешествие, низ приказ на богатството на музичкиот свет.
Оваа година фестивалот му оддава почест на германскиот бенд Крафтверк, пионерите на електронската музика, со чијшто документарен филм „Поп Арт“ на режисерите Ханс Росашер и Симон Витер ќе се отвори Скопје Синема Сити. Тоа што ќе следи во петте дена на фестивалот се музички филмови од светот на џез, поп, рок, електронската и класичната музика. На изминатите изданија Фестивалот започна соработка со британскиот национален сервис BBC, a оваа година таа соработка продолжува и понатаму, со нови филмови, а се отпочна соработка и со американскиот национален сервис PBS се со цел за поразновидна и поквалитетна понуда.
Сите оние кои што се поврзани со креативните индустрии во Македонија, авторите и љубителите на документарниот филм, музичарите, музичките и филмските новинари и критичари, музичките и филмските работници, фотографи, дизајнери… како и сите оние кои сметаат дека можеме да ги задоволиме нивните изострени сетила за добар филм и квалитетна музика повелете на третиот Skopje Cinema City.
Програмата на Скопје Синема Сити 2017
15.06.2017 (Четврток)
20:00 Крафтверк – Поп Арт
Kraftwerk – Pop Art
21:00 Жан Мишел Жар „Историја на електронската музика
Jean Michel Jarre – A Journey Through Electronic Music
16.06.2017 (Петок)
20:00 1959 – Годината која го променила џезот
1959 – The Year That Changed Jazz
21:00 Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата
The Girl from Ipanema: Brazil, Bossa Nova, and the Beach
17.06.2017 (Сабота)
Блок со краткометражни филмови
19:00 Ејми Вајнхаус: Со свои зборови
BBC.Amy Winehouse: In Her Own Words
Мачешкото Пијано
The Cat Piano
Буика и симфонискиот оркестар
Buika Symphony
Румфил проект
Roomphil Project
20:00 Кралиците на џезот: Радоста и болката на џез дивите
Queens of Jazz: The Joy and Pain of the Jazz Divas
21:00 Ела Фицџералд: Причина за живеење
American Masters: Ella Fitzgerald – Something To Life For
18.06.2017 (Недела)
20.00 Задоволството наречено Моцарт
The Joy of Mozart
21.00 Френк Запа – Современиот композитор одбива да умре
Frank Zappa: The Present-Day Composer Refuses to Die
22.00 Дерек Меј и Џијан Емин заедно со Франческо тристано и оркестарот Ламуру
Концертен филм Weather Festival, Франција
Derrick May & Dzijan Emin Ft. Francesco Tristano & Orchestra Lamoureux 2015
19.06.2017 (Понеделник)
20:00 Да живее Рок
Long Live Rock
-Во сеќавање на Лу Рид
Remembering Lou Reed
21:00 -Дејвид Боуви на Бибиси
David Bowie at the BBC
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.