ЕВН Македонија еднаш во годината ги отвора вратите за децата на своите вработени. Првиот работен ден по завршувањето на училишната година, околу 200 деца пристигнаа на работните места на своите родители. Цели 8 часа поминaa во просториите каде што нивните родители работат и заедно со другите деца се дружеа, едуцираа, правеа експерименти, се забавуваа.
Едукативната програма „Со децата на работа“ во која учествуваа децата на вработените од сите оддели и Кориснички енергоцентри во земјава се одвиваше на повеќе локации, во централните оддели и во неколку корисничките енергоцентри на ЕВН. На централниот настан во Скопје, програмата ја промовираше претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г. Штефан Петер.
– Овој настан се организира по вторпат. Првиот настан беше „Со ќерките на работа“. Бидејќи нашата компанија дава важност на еднаквиот третман, оваа година го организиравме настанот „Со децата на работа“. Целта е децата да добијат идеја за тоа што работат нивните родители, да разберат како тече еден работен ден и колку за тоа треба има одговорност. За нас како возрасни е многу важно да се потрудиме да не заборавиме на ентузијазмот и уживањето што сме го имале како деца и истото да го примениме и на работа – изјави Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Децата беа поделени според 3 возрасни групи и учествуваа во практични експерименти за создавање електрична енергија. Тие произведуваа електрична енергија од лимони, бакарни парички и изработуваа ветерници од пластични чашки и цевки. Работниот ден учесниците од другите градови од Македонија го завршија со заедничко дружење со родителите, а во Скопје имаа можност да го посетат и изложбениот центар на ЕВН Македонија на Матка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.