| четврток, 6 декември 2018 |

Струга гори, Села се чешла

Струшките противпожарни екипи и локалното население водат битка со пожарот кој се појави во депонијата во Струга.  Струшката депонија е долгогодишен проблем кој не е решен од градоначалниците. Ниту новиот министер без ресор Рамиз Mерко, кој долго години беше струшки градоначалник, ниту пак коалициониот партнер на СДСМ Зијадин Села не го решија проблемот со депонијата. Дополнително, и во мандатот на Mерко, и во оној на Села, министер за екологија беше човек од редовите на ДУИ.

Поради ветерот пожарот се шири по должина на депонијата, која се наоѓа на 500 метри од градот и чадот ја има опколено Струга.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска упати критика до Села за нерешениот проблем во оваа Општина.

„Струга гори, Села се чешла“, напиша тојдодавајќи дека очигледно Зоран Заев нема време за стружани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top