| четврток, 6 декември 2018 |

Елитни британски специјалци маскирани како бездомници ќе спречуваат терористички напади

Припадниците на елитната специјална единица САС од Велика Британија ќе бидат распоредни низ најголемите градови како Лондон и Манчестер маскирани како бездомници се со цел да не бидат забележани од терористите и во моменти на напад веднаш да реагираат.

Како што добро знаете стандардната британска полиција не носи огнено оружје, па голем предизвик е веднаш да се интервенира со вооружените единици на полицијата кога е потребна брзина, но и добро обучени припадници на безбедносните сили.

Специјалците од САС се вооружени со кратки автоматски пушки идеални за борба одблиску бидејќи се многу прецизни и имаат висока стапка на испукани куршуми во минута, што е клучно да се елеминираат потенцијалните напаѓачи.

САС користи и медицински пакети, па така може веднаш да им помогне на ранетите граѓани или пак полицајци на прв одговор. Се додека постои висока закана од нови напади припадниците на САС маскирани како бездомници и друг вид цивилни профили нема да се тргнат од улиците на големите британски градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top