Во Струмица се отвораат нови работи места. Денеска во технолошко-индустриската развојна зона во овој град почнува со работа фабриката на американската компанија „Адиент“ (поранешен „Џонсон контролс“) каде ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а според првичните најави, предвидени се 1.500 вработувања.
Изградбата на капацитетот почна пред една година, а инсталацијата на опремата и машините кон крајот на април. Инвестиција договорена во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ предцодена од Никола Груевски, благодарение на политиката на привлекување на странски инвестиции.
Денеска на отворањето на фабриката е најавено обраќање на потпретседателот за операции на „Адиент“ Владимир Теплик, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, како и претставници на Владата. На сечење лента ќе оди и Зоран Заев. Иако ги критикува странските инвестиции во земјата и политиката на неговата партија години наназад е да се плука по странските фабрики кои се отвораат во земјата и носат нови работни места, тој денеска најави присуство на отворањето на нова фабрика и нови вработувања во неговиот роден град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата