Народниот театар Охрид, денеска (15.6.) гостува на 52. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претставата „Аналфабет“, комедија според Бранислав Нушиќ, во режиа на Ѓорѓи Ризески, ќе се одигра со почеток во 19.30 часот.
Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


