| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на Република ќе читате:

Странските медиуми најавуваат промена на името
Што ветил Заев на меѓународната, а крие од народот?
Очигледно е дека разликите во ставовите што се пренесуваат од двете страни се огромни, па оттука збунува еуфоричниот оптимизам кај власта дека сме пред историски успех и на чекор да го решиме тридеценискиот спор. Прашањето кое се наметнува во ситуацијата е што знае светот, а не знаат Македонците и што е тоа што го ветил Заев пред меѓународната заедница, а го крие од својот народ? Голема е дилемата дали во преговорите Заев воопшто е некаков фактор, или неговата единствена задача е да стави потпис на договорот што ќе го подготват странците?

ЕУ и НАТО со јасни пораки
Нема интеграција без сменето име
За­е­во­то на­град­но го­сту­ва­ње во Бри­сел бе­ше мно­гу, мно­гу по­уч­но. Не­го­ви­те мен­то­ри, очиг­лед­но, не за­луд­но тол­ку бр­зо по­втор­но го при­ми­ја во ску­тот. Не де­ка не­му не му не­до­сти­га­ла за­штит­нич­ка­та пре­гра­тка на „ча­до­ро­ви­те“ еми­са­ри и из­вр­ши­те­ли, но цел­та бе­ше мно­гу по­и­на­ква. Бри­сел (чи­тај НАТО и ЕУ) не слу­чај­но го „спу­шти“ на зем­ја и си ка­жа јас­но и глас­но де­ка сме „из­гу­бе­но­то“ че­до, кое ќе се нај­де во ста­до­то са­мо под дру­го име. Хан и Стол­тен­берг беа по­ве­ќе од де­цид­ни, а Туск и Мо­ге­ри­ни не ги чув­ме за­тоа што та­ка ни пре­не­се ка­би­не­тот на За­ев. И тој не бе­ше по­ку­со, во сил­на еу­фо­ри­ја, воз­не­сен и рас­тре­пе­рен што, ко­неч­но, и пре­ми­ер­но „пре­ми­е­ру­ва“ во се­ди­ште­то на ЕУ, по на­ви­ка, се „ис­пу­шти“ и им го из­да­де пла­нот. Да, „ре­ше­ние“ т.е. про­ме­на на име­то за 24 ме­се­ци, та­ка про­це­нил „ча­до­рот“. А пла­нот, не­го ќе се оби­де да го из­вр­ши кој друг, ако не За­ев…

Наместо во ЕУ, бегалците ќе завршат во Македонија
Брисел сака кампови на македонска територија
Дој­де и тој оче­ку­ван мо­мент, ко­га ЕУ без ни­ка­ква сте­га ќе се пот­пре на Ма­ке­до­ни­ја да би­де ло­гор од ка­де што во ид­ни­на ќе ги цр­пи ре­сур­си­те со по­треб­на­та ра­бот­на си­ла. Се­ка­ко тоа не­ма да се Ма­ке­дон­ци­те ка­ко рам­но­прав­ни гра­ѓа­ни во Уни­ја­та, ту­ку од ми­грант­ски­от нап­лив што се­га (ќе) се оче­ку­ва да би­де сме­стен во Ма­ке­до­ни­ја. И тоа, спо­ред про­це­ни­те, би би­ле дел од сто­те ил­ја­ди бе­гал­ци од раз­о­ре­ни­от бли­ско­и­сто­чен ре­ги­он, дел од нив ве­ќе во Гр­ци­ја, а дел се оче­ку­ва­ат.

Зо­што Ма­ке­до­ни­ја ста­на тол­ку важ­на?
Бал­кан­от мар­шру­та на гло­бал­ни­те ин­те­ре­си
На што се дол­жи тол­ку го­ле­ми­от ин­те­рес на го­ле­ми­те си­ли за Ма­ке­до­ни­ја и за Бал­ка­нот во пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни? За дел од при­чи­ни­те до­се­га е ка­жа­но мно­гу па­ти. Су­ди­рот ме­ѓу САД и Ру­си­ја по „ли­ни­ја­та на ог­нот“, ин­те­ре­сот на ЕУ да го обез­бе­ди ка­ко свој овој дел од Евро­па, опас­но­ста од про­ши­ру­ва­ње на евен­ту­ал­ни конф­ли­кти низ кон­ти­нен­тот, „бал­кан­ска­та бе­гал­ска“ мар­шру­та пре­ку ко­ја ЕУ мо­же да би­де поп­ла­ве­на со ми­гран­ти или да би­де спа­се­на од бе­гал­ски бран. Си­те овие при­чи­ни има­ат сво­ја те­жи­на и ло­ги­ка. Но зад нив се­ко­гаш има и те­о­ри­ја на­пи­ша­на од ге­о­стра­те­зи за кои нај­че­сто све­тот не знае или ќе доз­нае по де­се­ти­на го­ди­ни. Исто ка­ко што во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век нор­ма­ли­за­ци­ја­та на од­но­си­те на САД со Ки­на, пот­пи­шу­ва­ње­то на До­го­во­рот САЛТ 2 или До­го­во­рот од Кемп Деј­вид бе­ше спро­ве­ду­ва­ње на те­о­ри­и­те на аме­ри­кан­ски­от ге­о­стра­тег со пол­ско по­тек­ло Збиг­њев Бже­жин­ски, та­ка и се­га зад че­ко­ри­те на САД, ЕУ, Тур­ци­ја, Ру­си­ја и на Ки­на се кри­јат ге­о­стра­те­гии што ги да­ва­ат од­го­во­ри­те на пра­ша­ња­та што нѐ ма­чат, а дел од нив ни­ко­гаш не­ма да ги до­би­е­ме.

Ан­ти­ре­форм­ско лу­ди­ло во обра­зо­ва­ни­е­то
МОН ќе про­из­ве­ду­ва на­уч­ни­ци со по­ли­тич­ки ина­ет
До­де­ка Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и за на­у­ка е во тр­ка со вре­ме­то ба­рај­ќи пра­вен ме­ха­ни­зам да го спро­ве­де за­мис­ле­но­то, се на­мет­ну­ва зак­лу­чо­кот де­ка и во овој слу­чај, ка­ко и во прет­ход­ни­от, не ста­ну­ва збор за по­до­бру­ва­ње на  ква­ли­те­тот на обра­зо­ва­ни­е­то, ту­ку за по­ли­тич­ки ина­ет. Иа­ко но­во­то ра­ко­водс­тво на МОН ам­би­ци­оз­но нај­а­ву­ва­ше по­до­бру­ва­ње на со­стој­би­те во обра­зо­ва­ни­е­то, ре­фор­ми, за­се­га ус­пеа да уки­не две ве­ќе спро­ве­де­ни ре­фор­ми, ек­стер­но­то те­сти­ра­ње и про­гра­ма­та „Кем­бриџ“, но не гле­да­ме де­ка се пре­зе­ма­ат кон­крет­ни че­ко­ри што ќе во­дат кон ре­фор­ми. Ви­стин­ски, су­штин­ски ре­фор­ми во обра­зо­ва­ни­е­то, ка­кви што му се по­треб­ни.

Ја купи довербата, ама очекувањата не ги исполни
Подобриот живот малку ќе почека
Нај­сил­но­то раз­о­ча­ру­ва­ње на гра­ѓа­ни­те до­а­ѓа од нај­сил­но­то ве­ту­ва­ње де­ка про­сеч­на­та пла­та ќе би­де 500 евра. Си­те оче­ку­ваа тоа да се ис­пол­ни вед­наш, а пред јав­но­ста Зо­ран За­ев из­ја­ви де­ка тоа ќе се слу­чи нај­доц­на за че­ти­ри го­ди­ни, а нај­ра­но до 2019 го­ди­на. И уки­ну­ва­ње­то на ра­ди­о­ди­фуз­на­та та­кса оста­ну­ва за по­на­та­му. За­се­га гра­ѓа­ни­те ќе мо­ра да про­дол­жат да си ги пла­ќа­ат сме­тки­те, а уки­ну­ва­ње­то на оваа да­вач­ка ќе се слу­чи ко­га ќе се ста­би­ли­зи­ра ра­бо­те­ње­то на јав­ни­от сер­вис.Евти­на­та стру­ја, пак, мо­же­би, ќе се вра­ти до крај на го­ди­на­ва, а и тоа ќе би­де кра­тко­роч­но, до­де­ка не се соз­да­де отво­рен па­зар на стру­ја. По­тоа др­жа­ва­та не­ма да мо­же да одре­ду­ва та­ри­фи и це­ни на овој енер­гент.

Вицепремиер задолжен за сопствениот бизнис
Анѓушев најави реформи на пазарот кој го држат неговите фирми
Па­за­рот не тре­ба да би­де пре­ре­гу­ли­ран па­зар ка­ко во мо­мен­тов, оце­ну­ва за­ме­ни­кот на За­ев. Тој твр­ди де­ка ли­бе­ра­ли­за­ци­ја­та на па­за­рот на стру­ја ќе би­де ре­ше­на на се­ри­о­зен на­чин, без конф­ликт на ин­те­ре­си, и си­те ќе би­дат за­до­вол­ни. Но, не­ма­ше да би­де ни­што сом­ни­тел­но ако не се пог­лед­не­ше пап­ка­та со сопс­тве­нич­ки удел на Ан­ѓу­шев. На веб-стра­ни­ца­та на не­го­ва­та ком­па­ни­ја се откри­ва не­го­ви­от биз­нис. Глав­ни­от по­зи­ти­вен пре­сврт го до­жи­ву­ва во 2003 го­ди­на, ко­га го ос­но­ва Друш­тво­то за вра­бо­ту­ва­ње на ин­ва­лид­ни ли­ца за про­из­водс­тво, тр­го­ви­ја и ус­лу­ги „Фе­ро­ин­вест“ д.о.о. екс­порт-им­порт – Ве­лес, кое е дел од кон­зор­ци­у­мот што до­би­ва кон­це­си­ја за 21 ма­ла хи­дро­цен­тра­ла во Ма­ке­до­ни­ја. Во иста­та го­ди­на „Фе­ро­ин­вест“ ста­ну­ва сопс­тве­ник на 50 про­цен­ти од ка­пи­та­лот на ком­па­ни­ја­та „Бра­ко“, Ко­чо Ан­ѓу­шев ста­ну­ва пре­тсе­да­тел на бор­дот на ди­ре­кто­ри и го ор­га­ни­зи­ра раз­во­јот и про­из­водс­тво­то во три­те про­из­водс­тве­ни по­го­ни во Ве­лес – Ма­ке­до­ни­ја, Пан­че­во – Ср­би­ја и Ви­дин – Бу­га­ри­ја. Иста­та го­ди­на пр­во ос­но­ва прет­став­ниш­тво на гру­па­ци­ја­та ЕФТ, а по­доц­на и фир­ма „ЕФТ Ма­ке­до­ни­ја“, ко­ја до­би­ва ли­цен­ца за тр­го­ви­ја со еле­ктрич­на енер­ги­ја. По­крај ова, фир­ма­та се за­ни­ма­ва и со ин­ве­сти­ции во енер­ге­ти­ка­та, стои во про­фи­лот на ком­па­ни­ја­та.

Пациентите задоволни од „Мој термин“
Комплексниот проект соз­да­де ред во ор­ди­на­ци­и­те
Про­е­ктот „Мој тер­мин“ поч­на да функ­ци­о­ни­ра на пр­ви ја­ну­а­ри 2012 го­ди­на, пр­во ка­ко пи­лот-про­ект. Со го­ди­ни овој про­ект функ­ци­о­ни­ра во Швај­ца­ри­ја, Ита­ли­ја, Швед­ска, Гер­ма­ни­ја. Мо­де­лот во Ма­ке­до­ни­ја е из­бран и ко­пи­ран спо­ред здрав­стве­ни­от си­стем во Гер­ма­ни­ја. По­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за здрав­ство Ни­ко­ла То­до­ров бе­ше во по­се­та на бол­ни­ци­те во Гер­ма­ни­ја и от­та­му со­бра искус­тва, кои по­доц­на се при­ме­ни­ја во ма­ке­дон­ски­от мо­дел на „Мој тер­мин“.
Во Здрав­ствен дом „Скоп­је“ би­ла спро­ве­де­на и над­во­реш­на ан­ке­та, ко­ја го по­ка­жу­ва ста­вот на па­ци­ен­ти­те за „Мој тер­мин“. Ан­ке­та­та би­ла на­пра­ве­на во 2015 го­ди­на и спро­ве­де­на на по­ве­ќе од 7.000 ис­пи­та­ни­ци.
Дел од ре­зул­та­ти­те на Здрав­ствен дом „Скоп­је“ по­ка­жу­ва­ат де­ка по­ве­ќе од 80 от­сто од ис­пи­та­ни­те па­ци­ен­ти се за­до­вол­ни од ква­ли­те­тот на ус­лу­га­та до­би­е­на од ле­ка­рот и од ме­ди­цин­ска­та се­стра, 78,6 от­сто се за­до­вол­ни од струч­но­ста на ле­ка­ри­те. Ре­зул­та­ти­те до­би­е­ни од на­ци­о­нал­ни­от си­стем „Мој тер­мин“ по­ка­жу­ва­ат де­ка 60 от­сто од ис­пи­та­ни­те па­ци­ен­ти се за­до­вол­ни од си­сте­мот за еле­ктрон­ско за­ка­жу­ва­ње.

Пар­ла­мен­тар­но­то мно­зинс­тво ста­ви рам­па на ба­ра­ња­та на мај­ки­те
Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те глас­ни на уста, безг­лас­ни на де­ло
По­ро­дил­но­то отсус­тво и жел­ба­та да се би­де по­дол­го до­ма со но­во­ро­ден­че­то заг­ла­ви низ со­бра­ни­ски­те про­це­ду­ри, а со­пи­рач­ка­та, глав­но, се по­ја­ви од со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те.  Куз­ма­нов­ска нај­а­ви но­ви пот­пи­си, но пра­те­нич­ки­те од ВМРО-ДПМНЕ ја пре­зе­доа ра­бо­та­та во свои ра­це со цел да ја за­бр­за­ат по­стап­ка­та за да им се по­мог­не на мај­ки­те што тре­ба од­но­во да ја по­вто­ру­ва­ат це­ла­та по­стап­ка до Со­бра­ни­е­то. Пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ и на ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“ ги под­не­соа не­оп­ход­ни­те из­ме­ни на За­ко­нот за ра­бот­ни­те од­но­си што се од­не­су­ва­ат на по­ро­дил­но­то отсус­тво. Тие, ка­ко што по­со­чи­ја, са­каа да им из­ле­зат в пре­срет на овие гра­ѓа­ни и ве­ќе во ју­ли да се до­не­сат овие из­ме­ни, за во август ид­ни­те мај­ки да се изра­ду­ва­ат на бе­не­фи­ти­те од про­дол­жу­ва­ње­то на по­ро­дил­но­то отсус­тво. Но, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те и нив­ни­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, пак, со но­ва рам­па – се­га не ја пот­пи­шу­ва­ат ини­ци­ја­ти­ва­та.

Колумна, Ацо Станковски
Три­умф
Во нај­го­ле­ма­та апа­тич­ност и ди­со­лу­ци­ја, ко­ја го бе­ше за­фа­ти­ла на­ро­дот од не­го­ва­та бес­по­лез­на Гол­го­та за да го спа­си тоа што тре­ба­ше по се­ко­ја це­на да го спа­си, а да­ли го спа­си, е пра­ша­ње што ба­ра вре­ме за од­го­вор, дој­де еден не­о­че­ку­ван мо­мент на три­умф.
Одед­наш се соз­да­де експ­ло­зив­на­та еу­фо­ри­ја и се слу­чи тој со­се­ма ре­док под­виг, ду­ри и за нај­сил­ни­те, нај­бо­га­ти­те и нај­у­ба­ви­те.
И ете се по­ја­ви гр­до­то пај­че од мо­чу­ир­шта­та, соз­да­де­ни од ре­ка­та Вар­дар, и транс­фор­ми­рај­ќи се во пре­кра­сен ле­бед го од­не­се злат­но­то ја­бол­ко на по­бе­да­та. На си­те им се при­чи­ни де­ка со­ну­ва­ат, де­ка се наш­ле во не­ко­ја на­дре­ал­на со­стој­ба, во со­се­ма нес­твар­на ди­мен­зи­ја.
Мо­же­би и најм­но­гу на про­та­го­ни­сти­те, на ма­ли­от одред вар­да­ро­ви во­и­ни и нив­ни­от ли­дер, Ра­ул Гон­за­лес.
Беа фан­та­стич­ни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top