| четврток, 6 декември 2018 |

Во Босна уапсен радикален исламист и поранешен член на Исламска држава

Припадници на граничната полиција го уапсиле во Источна Босна радикалниот исламист Енес Месиќ, поранешен член на Исламска држава, кој се обидел илегално да ја премине границата и повторно да и се придружи на оваа терористичка организација, е соопштено  од Граничната полиција на Босна и Херцеговина.

Во соопштението се вели дека во областа на Рудо е уапсено едно лице во обид да ја премине границата со Србија, по што тој им е предаден на надлежната државна полицијска служба, Агенцијата  за истраги и заштита (СИПА), потврди  за Хина портпаролката на Граничната полиција на БиХ, Санела Дујковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top