Арта Точи, предложена за заменик шеф на македонската дипломатија од редовите на партијата на Зијадин Села цели кон функцијата со јасен став дека западниот дел од Македонија е дел од Албанија кој што неправедно бил отцепен во 1913 година.
Таа во својот труд „Границите како мит“ пишува дека на конференцијата во Лондон 1913 година каде е донесена одлука за формирање на албанското кралство, делови од Албанија не биле вградени во нејзините административни граници. Во трудот таа нагласува дека станува збор за географијата на поделените нации на Балканот, „каде границите имаат поинакво значење и димензии“, па додава дека „во нашите околности, границите беа линија на отуѓување на еден јазик и еден народ, и создавање на приказни со многу болка и одделеност“. Таа потоа пишува за „чувство на љубов“ што „опстојува од генерација на генерација“ кон Албанците преку границите, „со поглед кон оние со кои никогаш не сме се сретнале за да се наречеме ‘ние’ “.
Всушност, Точи сега гради дипломатска кариера врз труд кој што оди во насока на идејата за Голема Албанија. Овој став на кадарот на Села кој што го отстапува во кабинетот на Заев не изненадува имајќи го предвид ставот на Села за идентитетските обележја на државата- знамето, химната, грбот.
Токму за ваков „поглед со љубов“ преку границата постојано говори и албанската пратеничка Месила Дода, која редовно одржува „мотивациони“ говори за Голема Албанија, а Македонија е Илирида, директно негирајќи го постоењето на Македонците и македонската држава.
Таа дури иницира и „итен референдум за прогласување на самостојност на Илирида “.
– Ќе кажам два збора на крајот од ова мое излагање и за една покраина која ми стои во срцето, таа е земјата наспроти Илирида, стара албанска покраина на која денеска и името сме и го заборавиле и некои ја вика Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, ние пак ќе повториме Илирида. Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата- е една од редовните пораки на Дода.
И токму со вордингот на Дода, Арта Точи, во која Села виде кадар за заменик министер за надворешни работи на Република Македонија, во своите трудови, како овој од 2014 година, земјата ја нарекува со акронимот „ФИРОМ“ (FYROM) .
Скандалите кои се нижат со кадровсните решенија во кабинетот на Заев немаат крај. Додека тој се опкружува со лица со криминално портфолио од неговата партија, неговите наметнати „партнери“ кои го чуваат на власт, ја спроведуваат агендата која ги обедини Тирана под една Платформа, а со која се негираат сите државни и национални чувства на граѓаните на Република Македонија.
Заев и во експозето и претходно ветуваше професионални ефикасни институции со професионална администрација. Покрај лажните ветувања за помал број на министерства, нв требаше да ги водат нови луѓе, професионалци, познати и признати во своите области. Сега Заев го прифати предлогот за заменик министер во МНР од партијата на Села, човек кој што ги негира Македонците и јавно ги омаловажува државниот грб, химна и знаме. Дали се тоа предусловите за задоволување на заевите стандарди за професионалност?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Движење за Илирида: Или донесете го Законот за албански јазик, или федерализација!
-
ИНА-Движењето за Илирида ја напаѓа министерката на Заев: Одземањето на надлежностите го отвора патот на федерализацијата?!
-
Нова провокација од албанската пратеничка: Цела Македонија ја стави под двоглавиот орел
-
Халили: Груевски нема капацитет да ја федерализира Македонија (ВИДЕО)