| четврток, 6 декември 2018 |

Време е да ги оставите: Од први јули поскапуваат цигарите во Македонија

Од први јули годинава се очекува поскапување на цигарите во Македонија. Според пресметките, кутија цигари ќе поскапи за околу 4 денари. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.

Од 1 јули 2017 до 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година, поради што од почетокот на наредниот месец се очекува цигарите да поскапат за 4 денари.

Сепак, во земјава покачувањето на акцизата не се врзува секогаш за поскапувањето на цигарите во малопродажба. Некои производители веднаш ги покачуваат цените, а некои се одлучуваат да ја компензираат акцизата. Други прозиводители, пак, ги поскапија цигарите пред да биде покачена акцизата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top