| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се изборија за дебата за предлозите за заменици министри

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на Република Македонија успеаја да обезбедат дебата за предлозите за заменици министри на новата Влада.

Откако Талат Џафери ја постави оваа точка како прва на дневен ред на денешната седница, а со оглед на тоа дека материјалите и биографиите пратениците ги добиле рано сабајле и поради обемноста на материјалот немале можност истите да ги разледаат, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се почитува деловникот и да се обезбеди време за да се отвори дебата за новите заменици министри.

Иако, Џафери и мнозинството од СДСМ на почетокот се противеа поради итноста на изборот на замениците министри сепак после паузата  се согласија со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и оваа точка се најде како последна на дневниот ред со што се обезбеди дополнително време за дебата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top