| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за Албанците, Де Бјази си поднесе оставка!

Фудбалската репрезентација на Албанија остана без селектор затоа што италијанскиот тренер Џани Де Бјази реши да си поднесе неотповиклива оставка.

Албанците играат одлично во циклусот и се на третото место во групата, зад Италија и Шпанија, но и покрај тоа Де Бјази реши да се откаже од работното место. Изненадувачки е фактот што Албанија успеа пред три дена да го совлада Израел со 3-0, но сепак, тој реши да си замине.

Под водство на Де Бјази, Албанија го оствари и историскиот фудбалски успех, со пласманот на ЕП 2016 во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top