СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 08.04.2017 година во 00.45 часот на улица „Дервиш Цара“ во Тетово, додека двајца полициски службеници од ПС Тетово вршеле служба на истата улица, го затекнале пријавениот пред угостителски објект како им упатува пцовки на гостите кои излегувале од објектoт.
Во обид полициските службеници да го легитимираат пријавениот, истиот почнал да ги омаловажува упатувајќи им погрдни зборови и во еден момент пријавениот успеал да го фати едниот полициски службеник за униформата, го влечел и му ја искинал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.