Сузана Јовановиќ, пејачка која е мажена за сопственикот на „Гранд“, Саша Поповиќ, открива во какви услови живеела пред да се прослави.
Имено, Сузана денеска е позната пејачка и сопруга на еден од намоќните и најбогати луѓе во Србија, а некогаш живееела многу тешко.
-Јас сум дете од село, од работничко семејство, само татко ми работеше. Секогаш сакам тоа да го истакнам, бидејќи поради таа ситуација станав подобар човек и знам да го ценам се ова што го имам денеска-рекла пејачката и додала дека не се срами од работата што некогаш ја работела.
-Никогаш не сум се срамела да кажам дека сум берела јаболки и црешни за дневница, со моите копав пченка, купував работи на пазар. Едноставно тоа беше нормално, колку пари сте имале, толку сте можеле да купите- рекла сопругата на Саша Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.