| четврток, 6 декември 2018 |

Украл пиштол на полицајка и тешко ја ранил, а потоа почнал да пука во луѓето

Најмалку четири лица се повредени во пукање во подземна железничка станица во предградје на Минхен. Полицијата е на лице место и ја обезбедува областа која е евакуирана.

Баварското радио ги пренесе зборовите на полицијата, која навела дека најверојатно не станува збор за тероризам.

Тој пукал на жена полицајка во текот на проверка на идентитетот, јавуваат локални медумите. Жената се здобила со тешки повреди, објави полицијата на Твитер.

Според зборовите на очевидците, граѓаните панично бегале, додека 50-60 полицајци влегувале во железничката станица.

Полицијата наведе дека извршителот, кој е уапсен, исто така е повреден.

Според првите информации нема докази дека напаѓачот имал соучесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top