Јуре Здовц е тренерот што ќе ја предводи Цедевита во новата сезона, во обид да ја симне Црвена звезда од тронот на АБА лигата. Раководството на Цедевита по освоената титула во домашното првенство ја прекина соработката со досегашниот тренер Вељко Мршиќ, по што челниците на клубот од Загреб разговараа со неколку квалитетни стратези, за на крајот изборот да падне врз Здовц.
Двете страни се договориле за двогодишна соработка, а договорот се очекува да биде официјално потпишан во следните 48 часа.
Поранешниот репрезентативец на Југославија, потоа и на Словенија, доаѓа во Цедевита од клупата на грчки АЕК, каде не ги оправда очекувањата на управата на клубот. Тој во својата тренерска кариера ги водеше и турскиот прволигаш Газиантеп, словенечкиот гигант Унион Олимпија, рускиот прволигаш Спартак Санкт Петербург, а воедно и ја водеше националната селекција на Словенија на Евробаскет 2009.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент