| четврток, 6 декември 2018 |

Долги аплаузи за баритонот Велков и поетот Томе Велков на „Македонската вечер“ во Софија

Во рамките на „Македонската вечер” што вчеравечер, 12 јуни, се одржа во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија, долги аплаузи добија нашиот познат баритон Ристе Велков и поетот Томе Велков.

Во музичкиот дел од вечерта беа исполнети композиции од македонските автори Т. Прокопиев, Т. Скаловски, Ж. Фирфов, традиционалната T’рба,Т’рби Гевгелиска и неколку популарни неаполитански песни а беа читани и стихови од стихозбирката “Чудно време” од авторот Томе Велков.

Во ликовниот дел од вечерта беше претставена изложбата “Порти” од ликовниот уметникот Марјан Ѕин. Настанот го отворија директорот на македонскиот КИЦ во Софија Васко Шутаров и директорката на Музичкиот центар, Елена Драгостинова.

“Македонската вечер” во Софија беше реализирана во соработка помеѓу КИЦ на Р. Македонија во Софија и Музичкиот центар “Борис Христов” кои во изминатите неколку години заеднички имаат реализирано десетина музички настани на кои беа претставени познати македонски музички уметници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top