Еден од трендовите што им прилегаат на сите жени, без разлика на градбата на телото, секако се голите рамена. Фустаните и кошулите со голи рамена, судејќи по сѐ, ќе бидат голем хит ова лето. Понудата по продавници е разновидна и богата.
Оваа сезона голите рамена може да се носат на неколку начини – на асиметрични блузи и фустани, може да откриете само едно рамо или, пак, да одберете маица со дупки на ракавите.
Облеката што ги открива рамената е многу ефектна, а воедно изгледа и многу женствено. Без разлика дали ќе се одлучите за блуза или за фустан што ги открива рамената, ќе изгледате многу секси.
Без разлика на тоа кое парче од облеката ќе го одберете, со голите рамена нема да погрешите.
Овој стил нуди разновидни комбинации – блузата со спуштени рамена може да се носи и со фармерки, во минималистички или бохо комбинации, со патики или сандали со високи потпетици, на романтичен или секојдневен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.