| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвис: Преговорите со ЕУ за Брегзит ќе почнат на 19 јуни

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, ја поддржа денеска премиерката Тереза Меј и потврди дека на 19 јуни ќе седне на преговарачка маса за излезот на Велика Британија од ЕУ.

– Наша работа е да продолжиме да ја водиме земјата, истакна Дејвис.

Конзервативците на Тереза Меј не освоија мнозинство во Парламентот на изборите минатата недела, што значи дека им треба поддршка од северноирската Демократска унионистичка партија за формирање влада.

Дејвис, меѓутоа, нагласи дека конзервативците нема да ги усвојат ставовите на своите партнери околу прашањата за абортус и за истополов брак. Според него, недоличен е коментарот на поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн дека премиерката Меј е „мртва жена која се движи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top