Испраќањето на учениците на размена или посета на училишта во европските земји е секогаш вредно и значајно искуство за младите, а Општина Аеродром константно работи за да им обезбеди вакви посети на своите ученици.
Оваа скопска општина ги праќа своите најдобри ученици од основните училишта да посетуваат настава во училиштето „Брнтвуд“ во збратимената општина Вандсворт во Лондон. Ова е само еден од над 200 проекти реализирани во вториот мандат на градоначалниот Ивица Коневски во периодот од 2013 година до 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.