| четврток, 6 декември 2018 |

Ги касапеле како во месарница: Албино момчињата добија нови екстремитети (ФОТО)

Децата од Танзанија, на кои врачови им ги отсекувале екстремитетите, пристигнаа во Америка, каде што ќе им бидат вградени ортопедски помагала 

Четири албино момчиња од Танзација допатуваа во Филаделфија, каде што ќе им бидат вградени специјални ортопедски помагала наместо екстремитетите кои врачови им ги отсекле во татковината.

Момчињата, од кои најмладото од момчињата има 7 години, ќе бидат воспитувани да бидат како духови, незабележливи, за да не го свртуваат вниманието кон себе за да ги избегнат врачевите и ловците на албино луѓе.

Нивниот живот во татковината е во опасност, затоа што врачовите користат делови од телото на албино луѓето во своите ритуали. Поради суеверие повеќето жители на Танзанија веруваат дека албино луѓето носат несреќа.

Ценовник Рака 1000, глава 2000 долари

Во Африка постои црн пазар на делови од телот на албино луѓе, Цело тело се продава за 120.000 долари, а цената на внатрешните органи е 60.000 долари. Албино кожата се продава за 6000, рака за 1000, а глава за 2000 долари. Овие цени се привлечни за ловците на албино луѓето, па затоа ги касапат и ги продаваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top