Европската комисија која бара мандат за преговори со Русија за посебни правила за гасоводот „Северен тек 2“ нема намера да го блокира проектот, се пренесува извор од Комисијата во западните медиуми. Комисијата денеска поднела барање до советот на Европа за добивање на мандат за преговори со Русија за утврдување на специјална правна база, на чија основа би требало да се работи на идниот гасовод „Северен тек 2“.
Пoртпаролот на Европската комисија Александар Винтерштајн вели дека ова тело се надева дека брзо би добило мандат.
-Не го менуваме ставот за гасоводот. Цел на мандатот не е да се блокира проектот, туку да се пронајде правна база во рамки на која гасоводот ќе се гради- го цитираат медиумите изворот од ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.