Рубриката „Двоглед“ ексклузивно открива кој го уништи мерцедесот за високи делегации кој денес на прес-конференција беше покажан на јавноста од страна на Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи.Спасовски го покажа мерцедесот на кој не беа измиени трагите од мачкинин стапалки оставени врз него.
Ексклузивно дознаваме што се случило: откако Зоран Заев јавно соопшти дека нема да го вози мерцедесот и нема да го дава на министри туку само на странски делегации кои ќе дојдат во Македонија, настанала жестока расправија помеѓу Оливер Спасовски и Радмиа Шекеринска кои претходно сакале да го добијат мерцедесот за да се возат во него.
Како што дознаваме, токму нивната претходна расправија била и причината поради која Заев решил да пресече дека нема никој да се вози во Мерцедесот освен странците на кои треба да им е најубаво во Македонија.
Откако ја слушнале пресудата на Заев јавно на тв на интервјуто кое го имаше на МТВ, Спасовски и Шекеринска полуделе. Откако телефонски размениле неколку псовки, договориле да се најдат на ферка и физички да се пресметаат кој е повеќе виновен затоа што мерцедесот сега ќе стои во гаража само за странци.
Спасовски ја обвинил Шекеринска дека го барала мерцедесот за да може да го изнајми на својот сопруг за сума од 10.000 евра месечно, додека пак Шекеринска на Спасовски му се обратила со зборовите: „Провинцијалецу еден, го изнашета задникот во аудито на МВР две години, сега и мерцедес ли сакаш, проклет да си“. За да не дојде до тепачка партиските другари на Шекеринска и Спасовски веднаш повикале на помош медијатор.
Најслободен и спремен да помогне во случајот бил Питер Ванхауте, кој веднаш пристигнал пред гаражите на МВР каде се водела расправијата меѓу министрите за внатрешни работи и за одбрана.
Ванхауте со својот нежен поглед и милозлив глас ги смирил раскараните страни и им кажал дека не треба да се расправаат туку да го почитуваат зборот на Заев бидејќи зборот си е збор, а потоа ги замолил да го остават насамо со мерцедесот за да ја извади од него сета црна магија оставена од претходната власт, за да би можеле во него да се возат и да се чувствуваат пријатно странските делегации. Плус, дополнил Ванхауте, дека и тој е странец и има право да биде насамо со мерцедесот.
Спасовски, Шекеринска и останатите заминале и го оставиле белгискиот олеснувач сам во гаражата со возилото, кое денес беше претставено пред јавноста. На него беа забележливи траги од мачкини стапала. Што се случувало во гаражата меѓу Ванхауте и мерцедесот, ќе остане засекогаш мистерија.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.