| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го врти листот со Куба?

Неименуван американски претставник изјавил дека соработниците на Доналд Трамп биле при крајот на ревизијата на американската политика кон Куба.

Според медиумите, следните денови се очекува препораките да бидат испратени на тимот за национална безбедност и на претседателот.

Американскиот претседател ќе отпатува во Мајами до крајот на неделата, каде, како се известува, ќе ја објави новата политика кон Куба, со која можеби ќе бидат влошени регулативите во областа на трговијата и патувањата, што ги „омекна“ неговиот претходник Барак Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top